Далеку од безумната толпа – Еден од најконтроверзните британски писатели во 19. век, Томас Харди, сега е преведен и на македонски јазик. Неговиот роман „Далеку од безумната толпа“ е во издание на НАМПРЕС. „Далеку од безумната толпа“ е четвртиот роман на Томас Харди, но прв со кој постигнал голем литературен успех. Дејството на романот се случува во руралниот југозапад на Англија, во измислената област Весекс. Тема на приказната се љубовта, честа и предавството, наспроти привидната идилична, ама често сурова реалност во фармерската заедница во викторијанска Англија. Харди едноставно и мајсторски ја опишува Батшеба Евердин, сопственичка на фарма, нејзиниот живот и нејзините врски, посебно со нејзиниот осамен сосед Вилијам Болдвуд, со верниот овчар Габриел Оук и со препредениот војник, наредникот Трој. „Далеку од безумната толпа“ се наоѓа на десеттото место на листата „Најљубовни романи во Британија“ што ја состави весникот Гардијан.
Далеку од безумната толпа
500,00 ден