Ифигенија во Таврида
300,00 ден
Приказната за Ифигенија е обработувана од разни автори уште од античко време. Гете во на својата Ифигенија се служел со античките материјали, со трагедиите на Еврипид, при што ја зачувал основата на античката фабула, со определени измени на дејството и на карактеристиките на ликовите. Во грчката трагедија неприкосновено е владеењето на нужноста, силната божествена интервенција во животот на човекот, како и неизбежните неволи што може да го кутнат, но не и да го сотрат човек. Во Гетеовата Ифигенија тие мотиви се значително преиначени, во неа е отстранета надворешната динамика на дејството, а тежиштето е ставено на внатрешните, душевни доживувања.