Отфрлена

250.00ден

Огромната збирка преведени книги издавачката куќа НАМПРЕС деновиве ја збогати со уште едно книжевно ремек дело, роматот „Отфрлена“ од Луиџи Пирандело.

„Отфрлена“ (1908 година) е првиот роман на Луиџи Пирандело, добитник на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Во него, тој ја опишува судбината на Марта Ајала, жена која се чувствува отфрлена од општеството во коешто живее, затоа што ги загубила положбата и статусот кои ѝ биле „доделени“ по некој природен пат: потчинета и здодевна домаќинка која никогаш не се соживеала со својата улога, но која стекнала почит во општеството заради тоа. Таа не жали што ја загубила оваа улога, но насилниот и брз начин на кој загубила сѐ ја фрлиле во драматична ситуација: нејзиниот сопруг ја избркал од домот откако ја фатил како кришум чита писмо од мажот кој долго ѝ се додворувал, а чии обиди за блискост таа секогаш ги одбивала…

Проектот е финансиран со поддршка од Европската комисија, кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Scroll to top