Станарката на замокот Вајлдфел

500,00 ден

Станарката на замокотВајлдфел е вториот и последен роман на Ен Бронте, првично објавен под нејзиниот псевдоним Екшн Бел. За многумина ова е најшокантниот од сите романи напишани од сестрите Бронте, па не е ни чудо што доживеал инстантен и феноменален успех уште при првото објавување. Во Вајлдфел Хол пристигнува мистериозна млада вдовица и се вселува во замок што долги години бил празен. Со неа доаѓаат нејзиното синче и слугинката. Жената, која на сите им се претставува како Хелен Греам, наскоро станува жртва на клевети од локалното население. Младиот фармер Гилберт Маркам, кој одбива да поверува дека постои нешто скандалозно во нејзиното минато, набрзо ги дознава нејзините најмрачни тајни. Во нејзиниот дневник Хелен пишува за психичкото и морално пропаѓање на нејзиниот сопруг преку алкохолот, и за светот на разврат и свирепост од којшто избегала.
Scroll to top