Темниот цвет – Темниот каранфил, омилениот цвет на момчето Марк Ленан е симболот на големата чиста љубов која еден човек може да ја носи и негува во своето срце. На поетски начин низ прозниот израз, Голсворди ја опеал љубовта во нејзиниот зачеток, созревање и во сенката на староста, прикажана преку силните емоции и душевни превирања на главниот лик, уметникот Ленан.